Loading...
Дома2019-12-26T12:42:29+00:00
Loading...
НАРАЧАЈ ВЕДНАШ!
БРЗА НАРАЧКА
БРЗА НАРАЧКА
FACEBOOK
“Дива привлечност” е приказна, навидум секојдневна, а сепак исполнета со многу емоции. Џон е лекар со приватна практика, оженет, со три деца.
Типичен семеен човек кој живее во брачна хармонија. Еден ден… еден ден во неговиот живот се појавува Таа. Името и’ е Ејми, но тој како да избегнува да го спомне, небаре на тој начин ќе ја избрка од мислите.
Меѓу нив се раѓа хемија, мирното секојдневје им е нарушено.
Дали ќе ги надвладее нагонот бидејќи тие се луѓе од крв и месо или, пак, ќе бидат спречени од општествените стеги.
На една страна е жена со високи морални принципи, на другата семеен човек кој не сака да ги разочара најблиските.
Возможна ли е врска помеѓу нив и покрај привлечноста што ја чувствуваат еден за друг. Оваа привлечност не е обична, тривијална, таа е … дива.
FriesenPress
“Зборовите и речениците што ги чукаа моите прсти по тастатурата ги овековечуваа сликите што ги имав врежано длабоко внатре во мојот ум. Не можев да се сопрам себеси. Пишував и пишував… на моменти, ќе застанев да прочитам некој пасус за да видам всушност што сум напишал. Кога го читав текстот сѐ се превртуваше во мојот стомак. Срцето ми биеше, телото ми трепереше, грлото ме стегаше, плунката ми ја снемуваше, ме обливаше пот … беше сѐ исто – како да го преживувам повторно истиот тој филм. Го чувствував целиот тој адреналин од почеток … и повторно … и повторно… Кога експлозијата од емоции ќе го достигнеше својот највисок степен, морав да застанам и да станам од столчето. Едноставно морав да се оддалечам од компјутерот бидејќи ми се создаваше тежина на душата која сум сигурен дека и вие ја осетивте додека го читавте текстот, нели?”
“Оф… колку ли само се лажев себеси! Но, што да правам кога бев влезен во тој волшебен круг. Колку бев подалеку, толку бев поблиску! Бев тело под инерција привлекувано од нејзиното моќно магнетно поле. Просто го обожавав нејзиниот глас, нејзиниот стас, нејзиниот поглед, нејзината насмевка, мирис, вкус … СЕ!”
“… Знам дека тој шепот беше како молња за нејзиниот слух. Трештеше моќно и уште толку ги здивуваше нејзините и така веќе развиени чувства за мене …”
“Душо,
Се уште ја чуствувам твојата осаменост, несоница, тага и празнина.
Многу сум ти благодарен што отвори нова порта во мојот ум. Порта низ која тече креативноста на мислата што никогаш не сум ни мислел дека ја имам како талент…”
FriesenPress

… Како што ми се приближуваше, шалот и паѓаше, а таа со левата рака го поткреваше само толку за тој повторно да се лизне и таа да ја повтори и портрети постапката…

… Некои автори се обидуваат да ни ја објаснат љубовта со илустрации од слики, покажувајќи ни ги нивоата на нашите хормони: допамин, серотонин и окситоцин. Луѓе… ова не е наука. Љубовта е ЕНЕРГИЈА! Таа е мерлива единствено кога ќе ја најдеш! …

… Тажен сум што не се будам во кревет со тебе заедно. Ќе те уживав со поглед право во очи. Така гледајќи те, секое утро би го почнал кажувајќи ти колку ме плени твојата убавина, твојата индивидуалност, твојата едноставност, твојата уникатност, твојата дивост, твојата волшебност. Иако сеуште нерасонета, ти би се насмевнала, лицето ти би се разведрило, а утрото односно денот би добил секаква смисол…

… Тоа беа нашите први зборови, но тоа беше моментот кој ќе го памтам до крајот на мојот живот бидејќи ја сретнав НЕА – Ејми Розенберг. Личноста со мојата енергија, мојата страст, мојата аура, мојот поглед, мојата насмевка … таа беше ЈАС. Никогаш порано не бев се сретнал себеси, толку јасно, толку цел, толку всебен. …

Печатена „ДИВА ПРИВЛЕЧНОСТ“ и/или „НЕСКРОТЕНА ДИВОСТ“ во твојата библиотека. Нарачај веднаш!

Внесете точни податоци во формите подолу и печатената верзија на „Дива Привлечност“ и/или „Нескротена Дивост“ ќе Ви биде доставена на Вашата адреса. Ве молиме во ЗАБЕЛЕШКА да нагласите за која/кои книга/книги е нарачката. Ви благодариме.

Продажни места

Рекоа за Дива Привлечност

Конечно сум сопственик на примерок на долгоочекуваниот роман ,,Дива привлечност”. Немам зборови, едноставно прекрасно, делото зборува само за себе.

Тања

„Дива привлечност“
навидум секојдневна, а сепак,
приказна исполнета со многу емоции…

Клуб Матица

Успехот ти носи многу работи,но не и она чувство на длабока среќа, кое ти го дава љубовта

Марија

Кратко парче фикција за универзалната вистина – љубовта. Четиво што потсетува зошто коњот, мажот и жената се тоа што се…
Читајте ја ” Дива привлечност”

Дарко

FLIP BOOK